СДСМ: Николоски и Мицкоски можеби посакуваат одложување на локалните избори

од Nikola Popovski
289 прегледи

Од владеачката СДСМ реагираат дека хаос се случува само во Белата палата.

-Кај Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски пред сигурниот пораз на претстојните локални избори, па затоа секојдневно се обидуваат да бараат алиби. Николоски и Мицкоски можеби посакуваат одложување на локалните избори, оти само така ќе се спасат од уште еден, седми во низата порази што ги нанижа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Според нив, наместо да повикаат на масовна вакцинација, со која ќе се надмине пандемијата, тие шират страв и паника кај граѓаните.

-Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ, освен неодговорно однесување, деструктивни политики, лажни вести и блокади нема што друго да понуди, затоа ги очекува пораз на изборите низ целата држава, велат од владеачката партија.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски денеска рече дека партиските органи ќе заседаваат на почетокот на следната недела и тогаш ќе го докомплетираат составот на оние општини кои што не беа објавени во претходните два круга, околу имињата на кандидатите за градоначалници.

Николоски вели дека не очекува одложување на локалните избори, а дека единствен кој што ја форсирал оваа тема за одложување на изборите, како што рече Николоски, бил Зоран Заев и СДСМ, затоа што биле свесни дека ќе им се случи пораз на изборите.

Слични содржини