СДСМ: Ниту денеска ли ВМРО-ДПМНЕ нема да го каже ставот за референдумот?

од desk2

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ниту денеска ли нема да кажат јасен став за референдумот и најзначајното прашање во историјата на независна Македонија?

Опозициската партија ќе продолжи да измислува, да манипулира и да шири лажни вести за најразлични прашања, тоа е сигурно.

Но ќе соопшти ли јасен став за најважното прашање? 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со недели измислуваат сè и лажат за сèшто, само за да не го искажат ставот за референдумот за македонската иднина.

Граѓаните се цврсто определени за напредок и интеграција.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Македонија оди напред и враќање назад нема!

Центар за комуникации на СДСМ

Слични содржини