СДСМ: Нов дебакл на ВМРО-ДПМНЕ на протести имаше повеќе автомобили отколку луѓе

од Берта Китинска
176 прегледи

Очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл со вчерашните протести на кои имаше повеќе автомобили отколку луѓе.Граѓаните повторно испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади!, вели од СДСМ.

Оттаму додаваат дека наместо да помогнат во овие моменти на државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.

-Мицкоски нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.

Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Затоа редат порази од граѓаните затоа уште долго ќе останат во опозиција, затоа што граѓаните се за напредок, просперитет и развој, а тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да го понудат, велат од СДСМ.

Слични содржини