СДСМ: Нова влада ќе има, Иванов да не влегува во дела против државните интереси

од Vladimir Zorba
92 прегледи

На последната изјава на шефот на државата реагираа од СДСМ. Велат, Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно уставот и волјата на граѓаните.

„Веќе постои и програма на новата реформска влада на унитарна Македонија, така што се исцрпуваат сите досегашни неразумни оправдувања на Иванов со коишто ги штити криминалните интереси на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ,“ се вели во соопштението на СДСМ.