СДСМ очекува силна граѓанска поддршка за Пендаровски и при собирањето потписи

од Nikola Popovski
429 прегледи

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат, Стево Пендаровски ќе почне со постапката за собирање потписи од утре по партискиот конгрес. СДСМ бара поддршка од граѓаните оти покажал дека е претседател на сите.

„Актуелниот претседател Стево Пенадорвски вчера на неговата прес-конференција каде што ја објави својата кандидатура побара поддршка од граѓаните во недела да го дадат својот потпис и да ја поддржат неговата кандидатура за втор мандат како претседател на државата, во оваа насока и СДСМ ги повикува членовите, граѓаните, сите поддржувачи да го дадат својот потпис како поддршка на кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски“, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додаде дека во изминативе години Пендаровски покажа и докажа дека е претседател на сите граѓани без разлика на нивната верска, национална па и партиска определба.

-Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници. Почнувајќи од 3 март, ги повикувам сите граѓани да дадат поддршка за мојата граѓанска кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија. На земјава и е потребна независна институција – претседател, рече вчера Пендаровски на прес-конференција.

Денеска со 444 гласа од 454 присутни делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е потврдена кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата на претстојните претседателски избори.

Слични содржини