СДСМ очекуваат да се промени изборниот законик и да се изгласа една изборна единица

од Vladimir Zorba
362 прегледи

Од СДСМ очекуваат во Собранието да влезе Законот за Јавно обвинителство, брифираат денеска од партијата.

Исто така, оттаму сметаат дека ќе биде променет Изборниот законик и ќе се изгласа една изборна единица.

– Тоа може да се оствари уште овие избори, велат од партијата.

СДСМ е целосно мобилизиран на терен, а според нив, „сите истражувања покажуваат дека се посилни од ВМРО-ДПМНЕ“ и дека ќе ги добијат изборите“.

Околу 15 јануари ќе соопштат со кога ќе бидат во коалиција на престојните избори.

– Правда е она што го бараат ѓраѓаните, инфаструктура, плата… Ова се барањата на граѓаните од кампањата од „врата на врата“, посочуваат од СДСМ.

Слични содржини