Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата. Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови, вака се огласија вечерва од СДСМ преку соопштение.
Според владеачката партија, „срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за тојот неуспех“.
-Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со лаги и нови закани. Е тоа е срам. Заканите на ВМРО-ДПМНЕ се показател за нивниот дебакл, за поразот на нивните лаги, за поразот на сите нивни невистини, манипулации… Хритијан Мицкоски, Зијадин Села, и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност, стои во партиското соопштение.