На вчерашната седница на Извршниот одбор СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.
-Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт.
СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.
Се наведува дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател.
-Изборите ќе бидат во редовен термин, а за СДСМ е прифатливо крајот на април и почетокот на мај 2024 година да се одржат претседателските и парламентарните избори. СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ, стои во партиското соопштение.