СДСМ: Отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski
170 прегледи

По вчерашната посета и средба помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија напревен е првиот исчекор, отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу двете земји, којшто веруваме дека ќе резултира со поддршка на нашата евроинтеграција. Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на соработка, пред се во економијата, инфраструктурата, трговијата и деловната соработка, соопшти утринава СДСМ.

Според нив, во оваа насока е и воспоставувањето работни групи во повеќе области, во економијата, инфраструктурата, трговијата, културата, образованието кои значат за граѓаните, за нивната иднина, но се особено важни за младите.

-Република Бугарија се согласи да ја користи кратката верзија на уставното име, подеднакво како и долгото име за што веќе ја има известено и Организацијата на обединетите нации.

Отстранувањето на ова прашање од процесот на разговори преку усогласен и пријателски однос од двете страни преставува прв голем чекор од новото поглавје на односите помеѓу двете соседни земји, стои во партиското соопштение на владеачката партија.

Слични содржини