СДСМ победува во 3-тата ИЕ во проценти 90 наспроти 10, вели Заев

од Nikola Popovski
475 прегледи

Не мислам дека ќе има ново владино мнозинство после изборите. Нема природни политички основи, како и да ги вртите бројките, вели премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Алсат.

Според него, стабилно е мнозинството и тоа може само да расте.

-Верувам дека ќе порасне после изборите, слушајте ми го зборот, додава Заев.

Во однос на локалните избори, тој потенцира дека СДСМ ќе победи во источна Македонија, во 3-тата изборна единица, во сооднос 90% наспроти 10%.

-Ќе победиме во Штип, Кочани, Пробиштип, Берово, Куманово, Струмица, Виница, Делчево, Крива Паланка… Остануваат борбите во помалите рурални средини. Во 4-тата ИЕ исто така ќе издвојуваме сигурна и голема победа, прецизира Заев.

 

Слични содржини