СДСМ: Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ во Скопје – главниот град уназадува и се гуши во ѓубре

од Vladimir Zorba

„Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, се трошат околу 100 милиони евра годишно, пари на скопјани а главниот град уназадува и се гуши во ѓубре“, соопштија утрово од СДСМ.

„Наместо модерно Скопје како што ветуваа пред граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ создадоа хаос и Скопје го претворија во една голема депонија.

Неспособната локална власт на ДПМНЕ која ветуваше модерен град, за многу краток период од Скопје направи нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, град во хаос кој уназадува наместо да се развива.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Јавниот превоз не функционира. Ниту едно ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема бесплатен превоз, нема модерен транспорт, нема фабрика за автобуси.

Скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ.

За 20 месеци ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години.

Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие доверба, секогаш кога ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос и враќање назад“, додадоа од партијата на власт.

Слични содржини