СДСМ: Повредени полицајци, јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток

од Берта Китинска

Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби, посочуваат од валдејачката партија.

Слични содржини