СДСМ: Правдата е тука и ќе ја има се повеќе и се почесто, Мицкоски, потрчкото на Мијалков и Груевски, одново е поразен

Во свеото соопштение, владејачката СДСМ денес посочува уште еднаш дека правда има во оваа земја и се почесто ќе ја има како што е и правилно. Како што велат, со бегството на Мијалков, падна по вода единствената улога на Мицкоски, поради која беше поставен на чело на ВМРО ДПМНЕ.
„Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто, а почести ќе бидат и одговорите на институциите, како оној за обезбедување на присуство на Сашо Мијалков, кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.
Преку силен одговор на државата, бегалецот Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде. Обезбеден е неговиот притвор.
Ова не значи и ослободување од одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен за органите и очекуваме брза и ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.
Со овој случај падна во вода единствената улога на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен, му пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“, исто како што не му успеа ниту блокирањето на Законот за Јавно обвинителство и преземање на предметите од СЈО.
Јасно е, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови.
Сега патот на правдата е чист, правда има и ќе ја има се почесто, секој ќе понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини