СДСМ: Продолжува расколот, Мицевски со различни ставови од Мицкоски и поддршка за промена на Уставот

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Продолжува расколот во ВМРО-ДПМНЕ. После Данела Арсовска и Никола Мицевски му го сврте грбот на Христијан Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е со спротивен став од Мицкоски и тоа е радикален пресврт на ставовите.

„Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, значи радикално спротивставување на деструктивните политики на Мицкоски. Дали има некој на кормилото на бродот кој тоне?“, прашуваат од владејачката партија.

Слични содржини