СДСМ: Пропадна уште еден обид на Мицкоски за одбрана на криминалот не успеа да саботира полициска акција

Во своето денешно соопштение, владејачката СДСМ потенцира дека ова што го прави Христијан Мицкоски е очигледно и не може да го сокрие ниту еден обид, како што велат, за извртување на вистината.
Имено, тие велат и дека партијата чиј лидер е Мицкоски е симбол за фалсификување на патни исправи, а Мицкоски бранител на таквиот криминал.
„Факт е дека Христијан Мицкоски, со јавно објавување на информации, се обиде да саботира сложена полициска акција, која се водеше подолг период и во чии рамки се преземаа дејствија кои имаат и меѓународни импликации.
Ова не може да го сокрие ниту еден обид за извртување на вистината од белата палата, каде расте нервозата, откако Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, а акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно.
Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.
Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски имал контакти и бил во тесна врска со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Мицкоски е бранител на криминалот.
Токму затоа граѓаните шест пати по ред на избори ги казнија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие уште долго ќе останат во опозиција“,  се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини