СДСМ: Растот на извозот, растот на платите, се доказ за успешноста на економските мерки

од Берта Китинска
357 прегледи

Македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добра насока, по успешното надминување на коронакризата, а тоа го покажуваат официјалните економски показатели, стои во соопштението на СДСМ.

-Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, забележуваме раст на извозот од 58,2 отсто споредено со истиот период 2020 година.Паралелно, бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Сите овие показатели говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.Како одговорна, социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и носат засилен економски развој.Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија, информираат од партијата.

Слични содржини