СДСМ: Силјановска не сака да биде претседател на сите граѓани, туку само послушник на ВМРО-ДПМНЕ

од desk4
Гордана Силјановска, кандидатката на Христијан Мицкоски вчера уште еднаш докажа дека е неискрена, нечесна и лицемерна кон граѓаните.
Силјановска призна дека не верува во сопствениот слоган, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.
Дури и самата Силјановска призна дека нејзиниот слоган е контрадикторен за ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја поддржува.
Со тоа уште еднаш се потврди дека Силјановска не ништо повеќе освен продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа уште сега слуша насоки и директиви од белиот дворец.Силјановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, таа единствено сака да биде нов Ѓорге Иванов, нов партиски послушник што ќе ги следи насоките од белиот дворец и Будимпешта.
Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не верува ниту во сопствените постулати на програмата, кој е неискрени и нечесен да застане на чело на државата.
Затоа граѓаните на изборите ќе изберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението на центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Слични содржини