ДИК по 99,60% обработени гласови: ВМРО-ДПМНЕ загуби пратеник за сметка на ЗНАМ

од Nikola Popovski

По 99,60% обработени гласови, ДИК излезе со проекциите за новиот парламентарен состав. Иако коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше 59 мандати, во текот на утринските часови беше објавено дека изгубиле еден пратеник за сметка на движењето ЗНАМ кое сега ќе има шест пратеници во Собранието.

Според проекциите на ДИК, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ ќе има 19 мандати, коалицијата Европски фронт на ДУИ има 18 мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, Левица- шест, Движење ЗНАМ – За наша Македонија пет пратеници.

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, коалицијата Европски фронт на ДУИ и Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија еден пратеник.

Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 9 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 2 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5 мандати, а Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ еден пратеник.

Слични содржини