СДСМ: Сите предлози на чиракот на Груевски водат кон неизвесност и несигурност

од Nikola Popovski

Речиси цели 19 години државата нема спроведено попис како најважна политичка операција и тоа токму поради ВМРО-ДПМНЕ, која потроши народни пари и го прекина пописот во 2011 година заради партиски калкулации, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа смета дека пописот и е исклучително потребен на државата за да се добијат, како што рече целосни, прецизни и релевантни податоци за натамошен развој.

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно, по сите стандарди без застој, порача Кузеска.

„Сите предлози на Мицкоски, чиракот на бегалецот, осуден криминалец од Будимпешта, Груевски водат кон неизвесност и несигурност. Да ја потсетиме јавноста, Мицкоски беше против да се одржат вонредните парламентарни избори кои тој лично ги побара. Беше против договор со Грција, против преспанскиот договор, а сега сме 30 земја членка на НАТО. Мицкоски беше и сè уште е против сите пет сета економски мерки со коишто се спасија стотици илјади работни места и се поддржани илјадници компании“, истакна портпаролката на СДСМ.

Според неа, Мицкоски кочи и не придонесува за доброто на граѓаните и на државата.

„Неговата очајна борба да опстане во Белата палата нема да биде на штета на развојот на државата и на иднината на граѓаните“, додаде Кузеска.

Слични содржини