СДСМ: Скопјани дишат воздух штетен по здравјето, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не презема ништо

од Stefanija Kuzmanovska

Состојбата со загадениот воздух во Град Скопје е алармантна, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, не прави ништо за да се заштити здравјето на граѓаните. Додека се занимаваат со тендери, бизнис влијанија и провизии, заборавија што им ветија на граѓаните пред една година и значително ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, стои во соопштението на СДСМ.

„Ги скастрија и субвенциите на набавка на инвертори за физички лица.

Јавниот превоз не функционира, нема ни трага од помпезно најавените 100 електрични автобуси.

Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови.

Постојано никнуваат диви депонии, а старите не се чистат.

Поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, Скопје деновиве е меѓу најзагадените градови на светот, а Скопјани дишат воздух штетен по здравјето“, наведуваат оттаму.

Слични содржини