СДСМ: Скудриње ја дава поддршката за Куртовски, за Маврово и Ростуше да продолжи да се развива

од Nikola Popovski

Претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Јована Тренчевска, денеска се сретна со мештаните од Скудриње, населено место кое ја има првата и единствена градинка изградена во Маврово и Ростуше.

Во соработка со централната власт, од СДСМ велат дека градоначалникот Медат Куртовски на своето родно место му ја обезбедил градинката “Брешиа”, каде се згрижени дваесетина деца чии родители работат во ближната фабрика.

-Локалното население во Скудриње својата поддршка ја дава за нов мандат на Медат Куртовски. Во Скудриње е изграден локален пат, обезбедена е чиста вода за пиење,средена водоводна мрежа, реновирано училиште, како дел од бројните проекти кои Куртовски ги реализирал во своето родно место.

Во наредниот мандат на Куртовски, Скудриње ќе добие нов паркинг простор за мештаните и нашинците од ова место, велат од СДСМ преку соопштение.

Слични содржини