„СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе овозможат новата 2021 година да биде година на економски раст и развој, година во која македонската економија полека на сигурно ќе се враќа на претходните стапки на раст, година во која ќе продолжи да расте и стандардот на граѓаните, велат од СДСМ:
Оттаму додаваат дека претходната година соочени со глобална финансиска и здравствена криза, е покажан одговорен домаќински пристап последиците од коронакризата врз економија можеме да ги сведеме на минимум.
-Од почетокот на кризата, креиравме и реализиравме четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените компании и поединци од кризата, за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Тие политики дадоа резултат.
Спасени се десетици илјади работни места, а директно им се помогна на околу 500.000 граѓани.
Оваа година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, што се потврдува и со Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици во годината пред нас“ се вели меѓудругото во соопштението од владејачката СДСМ.