СДСМ: Случајот „Парцели во Лисиче“ покажа дека Муцунски е ист како Арсовска

од Nikola Popovski

Случајот „Парцели во Лисиче“ покажа дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски е ист како скопската градоначалничка Данела Арсовска, едно зборува пред избори, а друго прави кога е на власт, обвинија денеска од СДСМ.

Според партијата, „Муцунски пред изборите ветуваше зеленило, стоп на бетонизација, паркови, бришење маркици, а како градоначалник го прави спротивното – бетонизација, парцели за згради, уништување на зеленило“.

-И Муцунски исто како Арсовска, троши стотици илјади евра за вработување на партиски кадри, додека со пет милиони евра сака да ја задолжи општина Аеродром, една од најбогатите општини во државата. Муцунски исто како Арсовска за една и пол година не реализираше ниту еден свој проект, велат од партијата на власт.

Муцунски пред два дена одржа прес-конференција во врска со процесот на изработка на ДУП-от во дел од населбата Лисиче. Според него, „станува збор за координирана кампања насочена кон ширење лажни вести и дезинформации пред граѓаните“.

Како што посочи градоначалникот, на локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче, не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво „бетонирање“, напротив станува збор за детален урбанистички план кој подразбира изградба на околу 95% објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој за прв пат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче.

Слични содржини