Со ефикасната реализација на пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра, го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на компаниите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените, велат од владеачката СДСМ.
Според нив, 36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери во следните три месеци ќе добиваат по илјада денари месечно на сметките, како и спречени се нови ценовни шокови со намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизата.
-Владата предводена од СДСМ интервенира и во намалување на трошоците за електрична енергија преку субвенционирањето на 80% од сметките за струја на домаќинствата, како и преку ваучери за сметки за струја кои ги добиваат околу 6.500 семејства.
Воспоставен е и Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството. За помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за одржување на ликвидноста и конкурентноста, соопштија од СДСМ.