СДСМ: Со новата Влада, остануваме посветено да работиме заедно со и за граѓаните и државата

од Берта Китинска
134 прегледи

Победата на предвремените парламентарни избори е јасен сигнал за недвосмислената поддршка која граѓаните и ја дадоа на коалицијата МОЖЕМЕ, предводена од СДСМ, соопштија од Социјалдемократски сојуз.

Оттаму додаваат дека поддршката на граѓаните значи дека досегашните политики на СДСМ и Владата се успешни, а граѓаните ги чувствуваат директните придобивки од нив.

„Се потврди и дека СДСМ е партијата која се грижи за сите граѓани. И во време на корона криза успеа да донесе три пакети економски мерки со кои беа опфатени сите. И граѓаните и компаниите.

Во таа насока ќе бидат и новите политики кои ќе ги спроведе СДСМ со новата Влада во следниот четиригодишен мандат.

Со уште подобри политики и подобри резултати, продолжуваме по патот на напредокот, по патот на градење на современо општество со европски вредности дома.

СДСМ со новата Влада, останува посветено да работи заедно со и за граѓаните и државата“, велат од пратијата.

Слични содржини