Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница, соопштија од СДСМ.
-Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.
Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.
Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по Закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.
ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал, ниту пак да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботираше во секоја можна прилика.
Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.
Ова се дел од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и треба да научи што е право, Устав и најважно да го почитуваат, соопштија од партијата.