СДСМ: Советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на градоначалникот Коњановски

од Nikola Popovski
341 прегледи

ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела, обвинуваат од владеачката СДСМ. Според Методија Илиески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола, на една страна е градоначалникот, Тони Коњановски и неговите приврзаници, на друга страна се советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а на трета страна е Општинскиот комитет во Битола.

Илиески додава дека расколот во ВМРО – ДПМНЕ Битола се случува после дебаклот со собраните потписи за поддршка на Силјановска-Давкова.

-Два дена подоцна, советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на својот градоначалник, Тони Коњановски. Не гласаа за завршната сметка што тој ја предложи, а две и пол години го фалеа дека фантастично работи. СДСМ и коалицијата во советот на општината нема да дозволат Битола да биде заложник на расколот во ВМРО – ДПМНЕ и ќе ги заштитиме интересите на граѓаните, истакна Илиески.

Слични содржини