193
Среде пандемија, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓани се борат против коронавирусот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со поднесување 500 амандмани во Собранието ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, велат од СДСМ.
Оттаму велат дека срамно и неодговорно е опозицијата да се обидува да ја блокира работата на парламентот, да работи на штета на интересите на граѓаните.
„Ова е продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот. Граѓаните, целата јавност ова го гледа и го цени“, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.