СДСМ: Субвенциониран оброк за 40.000 студенти, продолжуваме со вистинска грижа за унапредување на студентскиот стандард

од Берта Китинска
334 прегледи

Субвенционираниот оброк е последната од бројните стимулативни мерки кои СДММ и СДСМ ги имплементираат за унапредување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост.

-По поднесена иницијатива на Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги прифати измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк.

На овој начин, 40.000 студенти на почетокот на секој месец на ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци на својата сметка.

Директно на трансакциските сметки на корисниците од страна на Министерството за образование и наука ќе се изврши исплата од околу 15 милиони евра.

Според измените, корисникот на субвенционираниот оброк има можност да го оствари своето право кај секој еден трговец.

Паралелно се одвиваат инвестиции кои носат унапредување на условите за живот во студентските домови.

Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Лани заврши целосната реконструкција на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Годинава стартуваше Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот „Стив Наумов“, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Сите овие мерки и политики се насочени кон подобрување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да реализираме квалитетни и реални младински политики што се во интерес на младите луѓе, соопштија од СДСМ.

Слични содржини