Владата предводена од СДСМ продолжува со успешна реализација на инвестиции во капитални проекти што се значајни за развој на општините.Во таа насока, преку ТАВ програмата доделени се нови 36 Договори за општините за финансирање проекти во висина од 17,5 милиони евра, информираат од СДСМ.
-Пред две недели беа доделени првите 23 договори во вкупна вредност од 9,9 милиони евра.
ТАВ Програмата предвидува финансирање на 94 проекти во целата држава, во вредност 49,7 милиони евра.
Овие средства ќе финансираат изградба на водоводи и канализации, изградба и реконструкција на улици и локални патишта, како и други капитални објекти како нов мост во Скопје, реконструкција на општата болница во Гостивар, нова спортска сала во Општина Чашка.
Овие реални проекти за реални потреби на граѓаните се вистински пример за грижа на централната власт предводена од СДСМ за општините.
Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, како на локално, така и на централно ниво.
Затоа го имаме најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата, соопштија од партијата.