„СДСМ остро ги осудува обидите за манипулација врз ученици преку повици за бојкот на наставата. Неоснованиот бојкот е на штета на учениците и нивниот воспитно-образовен процес, местото на учениците е на часовите и следење на наставата“, соопштуваат од владеачката партија.
Од таму упатуваат апел до учениците и нивните семејства да не подлегнуваат на обидите за манипулации кои се производ на скриени и нечесни намери на одредени групи кои не мислат добро ниту на учениците, ниту на образовниот систем во државата.
Како што е јавно објавено предлог Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали е современо решение во согласност со светските образовни стандарди, со кој значително ќе се унапреди наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците и ќе се намали обемот на домашните задачи.
„Со новиот Закон се става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби и тој не смее да биде причина за бојкот на наставата.
Учениците и родителите да ги следат официјалните канали на комуникација на Министерството за образование и наука и останатите надлежни информации кои секојдневно транспарентно ја информираат јавноста за Законот за учебници.
Владата предводена од СДСМ, надлежните институции остануваат посветени на градење на современ образовен систем каде ученикот ќе биде ставен на прво место“, велат од СДСМ.