Вакцинацијата е од витална значајност во борбата против натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност кај невакцинираните, соопштија од СДСМ.
-Секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форми на болеста и најважно штити од смртен исход.
Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, вакцинирањето е исклучително важно за заштита на сопственото и јавното здравје.
Испраќаме апел до граѓаните коишто не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.
Дезинформациските кампањи и теориите на заговор кои ги пласираат центрите и кои ги одвраќаат луѓето од имунизација се на штета на граѓаните.
Исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се неопходни за заштита на здравјето и се применуваат и во други земји.Да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во борбата која е заедничка за целиот свет, информираа од СДСМ.