СДСМ: Ветото од Бугарија нема да нè обесхрабри

од Берта Китинска
308 прегледи

Неодобрувањето на преговарачката рамка за земјава од страна на Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија, велат од СДСМ.

„Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ветото од Бугарија нема да ги обесхрабри.

„Нема да дозволиме застој на внатрешните реформи што се за доброто на нашите граѓани и нашата држава. Напротив, Владата, државните инстуции, ќе го засилат темпото и ќе ја зголемат предноста во реформи што Северна Македонија ја има во однос на државите од регионот“, наведуваат од владејачката партија од каде додаваат дека додека се тие на власт остануваат на истиот стратешки колосек“, велат од СДСМ.

Слични содржини