СДСМ: Власта ги брака младите надвор од Македонија додека преговара за мигранти

„Христијан Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ со нивните погрешни, криминални политики ја изолираат земјата, ја претвораат во црна точка во Европа и ги бркаат младите од Македонија. Криминалот и корупцијата цветаат, европските коридори ја заобиколуваат Македонија, народот има се помалку пари во џебовите, расте сиромаштијата, иселувањето на младите се зголемува а власта преговара за враќање мигранти“, соопштија денеска од СДСМ.

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Христијан Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ со нивните погрешни, криминални политики ја изолираат земјата, ја претвораат во црна точка во Европа и ги бркаат младите од Македонија. Криминалот и корупцијата цветаат, европските коридори ја заобиколуваат Македонија, народот има се помалку пари во џебовите, расте сиромаштијата, иселувањето на младите се зголемува а власта преговара за враќање мигранти“, соопштија денеска од СДСМ.

„Сите угледни британски медиуми јавија за овие разговори само власта нешто се обидува да се испере.

Аналитичарите во Британија веќе ја споменуваат Македонија како држава која може трајно да прими дел од мигрантите. Тоа значи нивна целосна интеграција, со домови, работни места итн.

Не може младите да ни бегаат надвор а власта да преговара за носење мигранти .

СДСМ со целиот свој капацитет ќе се спротивстави на овие анти државни политики на Мицкоски и ДПМНЕ и ги повикуваме граѓаните, невладините организации, сите заедно да кажеме НЕ, за Македонија се работи! Работата не е завршена!“, порачаа оттаму.

Слични содржини