Единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник и директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски се укинување на евтината тарифа и стопроцентно поскапување на струјата. Затоа и не чуди што денес Мицкоски е против повторно воведување на евтината тарифа на струјата за домаќинствата, соопштуваат од партијата на власт СДСМ.
„Тоа е истиот Мицкоски кои пред неколку месеци ги плашеше граѓаните дека ќе има драстични поскапувања на струјата, кој најавуваше рестрикции, денес не само што не се случи тоа, туку се најавува и намалување на сметките за електрична енергија преку воведување на евтина дневна тарифа.
Сето тоа е благодарение на успешните енергетски политики на СДСМ кои доведоа до рекордно зголемување на домашното производство и нови капацитети за производство на струја од обновливи извори.
На крајот едно е јасно, нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија е против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните“, стои во соопштението.