СДСМ: ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да создадат хаос во СОНК и образованието

од Nikola Popovski

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци и хаос врз членовите на СОНК.

-Откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување,согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, граѓаните гледаат како ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очајно прават притисоци врз членовите на СОНК и директорите на училиштата во општините раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им прават штета и на наставниците и на членовите на СОНК.

Како што соопшти СОНК штрајкот од утре е ставен во мирување наредните 20 дена.

Согласно мирувањето на штрајкот, утре сите треба да се на училиште и професорите на работа.

Секое прекршување сноси одговорност согласно закон, и за наставниците и за директорот на училиштето, соопштија од владеачката партија.

Слични содржини