СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД Славија

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ шири тешки и перфидни лаги од Белиот дворец.Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и ракрчми имотот на АД Славија, велат од СДСМ.

-Токму ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2012 – 2017 со тајни и задкулисни зделки распродала над 70% од имотот на АД Славија.Проценката направена во 2012 година говори дека компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра.

Компанијата и државата се оштетени со ваквата тајна продажба, бидејќи по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се во сопственост на приватни компании.Наместо да пласираат лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата.

Слични содржини