СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за 44% ги намали парите за борба против загадениот воздух

од Vladimir Zorba
105 прегледи

„Во 2022 година во буџетот на Скопје беа предвидени 88 милиони денари. Оваа година ВМРО-ДПМНЕ ги намали паритена само 49 милиони денари. Таков буџетот на Град Скопје со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, соопштија од СДСМ.

„Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина.

Измина една година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска.

Ги нема мерките кои за време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа. Ги нема ниту 100 електрични автобуси кои Мицкоски ги ветуваше.

Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо“, додаваат оттаму.

Слични содржини