СДСМ води со 3,6 отсто, граѓаните ја гледаат иднината во Европа

од Vladimir Zorba

Коалицијата на СДСМ и на БЕСА, на 12 дена пред изборите, води на истражувањето спроведено од Националниот демократски институт (НДИ). Во анкетата што ја објавува НДИ, на прашањето ако изборите се одржат денеска за кого би гласале, оваа коалиција има доверба кај 24,8 проценти од гласачите. На второ место е ВМРО ДПМНЕ со 21,2 проценти, или разликата е 3,6 проценти. Следува ДУИ со 7,2 отсто од анкетираните гласачи, додека коалицијата на Алијансата и Алтернатива имаат 5,7 отсто.

Граѓаните, како што се изјасниле, ја поддржуваат проевропската политика на СДСМ, па затоа дури 58 отсто гледаат поголема надеж за државата откако Северна Македонија стана членка на НАТО, но и ги започнува преговорите со Европската Унија.

Понатаму, во анкетата може да се забележи дека Зоран Заев е во убедливо водство со поддршка од 44 отсто од избирачите, додека доверба во Христијан Мицкоски имаат само 25 отсто. Има разлика и во наклонетоста кон партиите – СДСМ има 41 отсто, додека ВМРО ДПМНЕ 28 отсто. Според анкетата, овие бројки ја прават извесна победата на коалицијата „Можеме“.

За опцијата дефинитивно ќе гласаат 40 проценти од испитаниците на НДИ, додека 29 отсто изјавиле дека веројатно ќе гласаат.

Слични содржини