136
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија останува посветена да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата, соопштуваат од партијата.
„Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години. Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари“, стои во соопштението.
Од таму потсетуваат дека ова се бројки и факти што ги потврдуваат успешните економски полиитки на СДСМ реализирани за само 2.5 години.
„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари, а за седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата порасна за едвај 2.000 денари. По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата“, се додава во соопштението.