СДСМ за случајот „Онкологија“: Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри

од Vladimir Zorba

„Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување“, соопштија утрово од СДСМ.

„Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда.

Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период.

Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата.

СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ кои освен злоупотреби ништо друго не знаат“, велат од Бихаќка.

Слични содржини