Се бара нов медијатор: Вработените во УЈП го одложија генералниот штрајк

од Nikola Popovski

Вработените во УЈП решиле да му дадат можност на дијалогот со надлежните институции, за покачувањето на платата од 30%, за што ќе ангажираат и нов медијатор.

Назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој треба да преговара со Министерството за финансии.

Претходно вчера од Синдикатот соопштија дека МТСП веднаш го прифатила помирувачот кој тие го предложиле, но најавија дека доколку не се изнајде решение за неколку денови по однос на нивните барања за зголемување на платите заа 30 отсто, ќе се активира одлуката за генерален штрајк.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии, на што од Министерството дека е потребно автентично толкување на законот од страна на Собранието и донесување на системско решение за платите во јавниот сектор.

Вработените во УЈП и денес ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот, како што тоа го прават секој ден.

Синдикатот „Солидарност“ – УЈП засега не отстапува од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти.

Слични содржини