Се бараат доброволци да јадат шест месеци авокадо, плата 300 долари

од desk2
102 прегледи

Вљубениците во авокадо, кои живеат во САД, би можеле да ги исполнат своите соништа доколку американски експерти ги вклучат во новото истражување во врска со тоа дали ова тропско овошје влијае на намалувањето килограми. 

Најсреќните 250 испитаници за плата од 300 долари ќе треба да јадат едно авокадо дневно во текот на шест месеци, додека трае истражувањето.

Лица постари од 25 години можат да аплицираат и да учествуваат во студијата.

Во студијата не можат да учествуваат оние кои имаат поголеми осцилации во тежината, бремени жени или жени кои планираат да забременат за време на испитувањето.

За 300 долари потребно е да учествуваат и во телефонски разговори и да одат на прегледи.

За возврат, научниците ќе ги снабдат испитаниците со авокадо и ќе им дадат дополнителни 24 овошки за да уживаат по завршување на тестирањето.