Се чека за влез во Македонија: Гужви и долги колони на „Табановце“ и „Прешево“

од Nikola Popovski

Долги колони и гужви е сликата на српскиот гранични премин Прешево за влез во Македонија. Според српските медиуми, се чека и до час и половина за влез на македонска територија.

Камерите од српската царинска управа покажуваат голем застој и километарски колони.

На „Табановце“ исто така може да се забележи е зголемен интензитет на сообраќај за влез во државата, како и ГП „Богородица“ за излез од Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Слични содржини