Се кристализира составот на Хрватска: Червар избриша уште четворица ракометари

од desk2
101 прегледи

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар, по одработената втора фаза од подготовките за Светското првенство во Германија и Данска, ги објави имињата на четворицата ракометари кои отпаднаа од списокот.

Шанса за настап на некое следно големо натпреварување ќе чекаат двајцата ракометари Јосип Векиќ и Иван Сршен, десното крило на Нексе, Иван Вида, како и кружниот напаѓач на словенечкиот Целје, Кристијан Беќири.

Во последната фаза на подготовките пред Мундијалот, ќе се приклучат десното крило Златко Хорват, кој доби дополнителен одмор, како и четворицата од Бундес лигата, Домагој Дувњак, Иван Слишковиќ, Жељко Муса и Крешимир Козина.

Хрватска ќе игра против Црна Гора и Италија на турнирот во Пореч, а на СП ќе игра против Македонија, Исланд, Шпанија, Јапонија и Бахреин.