Се намалува бројот на заразени во Скопје денеска регистрирани, седум позитивни

од Берта Китинска
193 прегледи

Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 од кои 7 се од Скопје.

Фото: Борче Поповски

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

Чаир – 108
Гази Баба – 102
Аеродром – 107
Карпош – 88
Центар – 81
Кисела Вода – 100
Ѓорче Петров – 55
Бутел – 66
Шуто Оризари – 32
Студеничани – 25
Сарај – 25
Арачиново – 15
Илинден – 14
Сопиште – 6
Чучер Сандево – 4
Петровец – 10
Зелениково – 3
Странец – 9
Нераспределен – 1.