Се напил, паднал од 9. кат, станал и си заминал

од desk2
66 прегледи

Еден човек од Москва толку многу се напил што на 12 ноември додека пушел цигара се сопнал и паднал од прозорецот на својот стан на 9. кат.

Паднал на бетон, но за чудо не умрел, туку само бил изгребан тркалајќи се една настрешница, па повикал полиција и се вратил во својот стан. Кога полицајците се појавиле на неговиот праг, тој веќе заборавил што се случило.

Сепак, лекарите полупијаниот човек го однеле во болница плашејќи се да не има внатрешни повреди.