Се обидел да побегне од затвор преправен во овца (ФОТО)

од Nikola Popovski
328 прегледи

Затвореникот Хозе Луис Калисаја Дијаз се обидел да побегне претходно овој месец од Чончокор, затвор со максимална безбедност во Боливија, преправен во овца, пренесуваат медиумите.

Познат како „Ел Аранџа“, Дијаз користел овча кожа за да се протне покрај полициското обезбедување и чуварите и, маскиран како што бил, се обидел да се пробие до еден од надворешните ѕидови на затворот.

Обезбедувањето навреме забележало дека Дијаз, кој одлежува 15 години затвор за убиство, не е во ќелијата и набрзо целиот затворски персонал се кренал на нозе.

Фотографиите од неговиот бизарен обид за бегство го покажуваат Ел Аранџа како лази на раце и нозе низ полето додека носи овчо крзно.

Дијаз мислел дека студеното време ќе му помогне да избега, изјавија затворските власти.

Властите наредија правни и дисциплински мерки против Дијаз по неговиот обид за бегство.

Слични содржини