Се одбележува Денот на македонската полиција, централната прослава во ПЦ Ѓорче Петров

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи денес го прославува 7-ми мај – Денот на македонската полицијата. По тој повод, централната прослава ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, со почеток од 11:30 часот.

Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.

Слични содржини