Се огласи Колумбијката по ликвидацијата на Стојановиќ: „Егото сака квантитет, но душата сака квалитет“ (фото)

од Nikola Popovski
195 прегледи

Колумбијката Соња С.Г. (45), кој била во џипот со сега починатиот Страхиња Стојановиќ, во времето кога неговиот џип експлодирал во Нов Белград, за првпат се огласи по извршената ликвидација.

Имено, таа на својот Инстаграм објавила фотографија со цитат: „Егото сака квантитет, но душата сака квалитет“.

И нејзината ќерка Пола, исто така се огласи по смртта на Стојановиќ. Таа објавила заедничка фотографија од нејзината мајка и Стојановиќ на Инстаграм и напишала: „Те сакаме“.

Да потсетиме, Соња С.Г. доби забрана за напуштање на Србија. Во меѓувреме, беше откриено дека под џипот имало помеѓу 1 и 1,5 килограми експлозив пентрит, кој бил ставен под возачкото седиште. Експлозијата била насочена, местото каде што се ноаѓа менувачот дополнително ја заштитил Колумбијката.

Како што се испостави, сите камери во близина на местото каде што се случила експлозијата се проверуваат и во тек е опсежна истрага.

Слични содржини